МКД СЕРТИФИКАТИ

МКД СЕРТИФИКАТ при АМ ЦЕРТ –акредитирано домашно сертификационо тело од страна на ИАРМ.

АМ Церт по извршената проверка од докажани домашни и меѓународни експерти, на успешно исполнетите барања на Македонското Законодавство (Сл. весник на РМ бр. 69 од 24.05.2013) и Европските стандарди, оправдано се стекна со првата акредитација за проверка на Системите за менаџмент со квалитет во Државната Управа.

МКД СЕРТИФИКАТ врши сертификација на Системи за менаџмент со квалитет согласно MKС ЕN ISO 9001:2015 , МКС EN ISO 14001:2015; МКС EN ISO 45001:2018, врз основа на Сертификат бр.СТ-006 , издаден од Институт за Акредитација на Република Северна Македонија , со важност до 10/2025 и прва акредитација од 10/2013 година. Уверете се сами и проверете го нашиот Сертификат.

Главни придобивки од сертификација :

  • меѓународна препознатливост за квалитет на компанијата,
  • зголемување на довербата во партнерските односи,
  • зголемување на моралот на вработените
  • зголемување на имиџот на компанијата.

МКД Сертификат Ви стои на располагање за сите информации поврзани со:

МКД СЕРТИФИКАТ на барање може да обезбеди и информации за:
а) географските области во кои ја врши својата дејност;
б) актуелната состојба на дадената сертификација;
в) името, соодветниот правен документ, опсегот и географската локација (град и држава) за секој конкретен сертифициран клиент.

г) МКД Сертификат ќе ги стави на располагање информациите за сертифицираните клиенти на заинтересираните страни.

Барањето се испраќа на е-пошта: katerina.zdravkova@automakedonija.com.mk и мора да содржи: име на  организацијата и бројот на сертификатот, како и документот (стандардот) според кој организацијата е сертифицирана. МКД Сертификат ќе  одговори на Вашето барање писмено, во најкус можен рок.

*** Известување до сите наши сертифицирани клиенти, за промени во стандардите за системи за управување со квалитет, заштита на животната средина и безбедност на работа дека од 23.02.2024 година ISO Меѓународната организација за стандардизација е дел од мерките за постигнување на Лондонската декларација за климатски промени. 

Повеќе информации:

ISO – Меѓународната организација за стандардизација, како дел од мерките за спроведување на Лондонската декларација за климатски промени, на 23.02.2024 година објави измени поврзани со постојните стандарди за системи за управување (ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001).

Измените (амандманите) се однесуваат на барањата 4.1 и 4.2 кај сите стандарди за системи за управување.

 

Дополнувања на барањата:

Барање 4.1
Организацијата мора да утврди дали климатските промени претставуваат релевантно прашање.

Барање 4.2
Релевантните заинтересирани страни може да имаат барања поврзани со климатските промени.

Меѓународниот форум за акредитација (IAF) објави упатство за сите заинтересирани страни:

https://iaf.nu/en/news/iafandisopublishjointcommunique

 

Во согласност со овие упатства, организациите треба:

  • да го анализираат влијанието на климатските промени врз способноста за постигнување на очекуваните резултати од системот за управување;
  • да го земат предвид влијанието на климатските промени за секој применет систем за управување;
  • да утврдат дали внатрешните и надворешните прашања поврзани со климатските промени се релевантни;
  • да ги разгледаат потребите и очекувањата на заинтересираните страни во однос на климатските промени;
  • да преземат мерки за адаптација и ублажување на климатските промени кога тие се релевантни.

Со оглед дека не е предвиден преоден период за овие измени, организациите треба веднаш да ги имплементираат наведените барања, а МКД СЕРТИФИКАТ ќе врши проверка на нивната примена при аудитите.

Контакт

  • БОРИС ТРАЈКОВСКИ 21, СКОПЈЕ - КИСЕЛА ВОДА, Кисела Вода, Република Северна Македонија
  • 02 310 3260
  • info@amcert.mk

АМЦЕРТ - Кисела вода

Борис Траjковски 21, Скопје 1000
+389 2 3103 260
(08:00 - 16:00)

Пратете не