Секоја година се прави листа на нови автомобили произведени таа година и стручни лица ги оценуваат и споредуваат според нивните карактеристики. Листата е составена од над 600 автомобили и се разбира, највисоко котираат автомобилите кои се резервирани за оние со подлабок џеб. Нашата селекција се 10 автомобили лансирани во 2018 година кои се во првите 30 на светската листа, а се по пристапна цена!

 

1. Peugeot 5008

Peugeot ја следи традицијата на висококвалитетно, иновативно производство. Овојпат доаѓа со елегантен дизајн, моќен и грациозен, со високо ниво на технологија и префинетост. Доаѓа со PureTech или BlueHDi мотор, дизајниран за потполно зголемување на Вашето сетилно искуство.

2. Volkswagen Golf

Спортски и динамичен. Опремен со најнова технологија ве подготвува за иднината. Користи TSI бензински мотор и TDI дизел мотор, кои се создадени за ниска потрошувачка, а голем развој на сила. Има и еколошка алтернатива, која работи на природен гас.

3. BMW 2 Series

BMW TwinPower турбо технологијата, иновативното управување и бројните паметни системи за управување, го ставаат BMW Серија 2 Active Tourer на оваа листа. Возилото користи интелигентен систем на  погон на сите четири тркала што овозможува совршено прилагодување на сите услови на патот и совладување на секој свиок со голема леснотија.

4. Seat Ibiza

Новата Seat Ibiza доаѓа со повеќе технологија и повеќе простор во кој ќе се чувствувате поудобно во споредба со сите претходници на овој модел. Новиот аеродинамичен дизајн овозможува да се движите побрзо, а притоа да потрошите помалку.

5. Toyota Prius

Toyota Prius е хибридниот пионир на Toyota. Има анти-блокирачки систем за сопирање, елктронска распределба на силата на сопирање и систем за помош при сопирање (ABS+EBD+BA) што го прави овој автомобил доста безбеден. Интелигентниот дизајн овозможува полесно управување и поголемо уживање при возењето.

6. Skoda Octavia

Спој од безвременска естетика и модерна технологија. Има систем за помош при застој, се прилагодува на актуелната ситуација во сообраќајот и може да ја намали брзината или самостојно да запре пред потенцијален судир.

7. Citroen C3 Aircross

Издржливост, стил и технологија. Внатрешна просторност и можности на прилагодливост. Патничкиот простор, модуларноста и модерни технологии наменети за безбедноста на патниците се главните карактеристики на овој автомобил.

8. Opel Astra

Дизајн со стил кој го привлекува сечие внимание. Со иновативна опрема и најнова технологија, новата Opel Astra го носи возачкото искуство на друго ниво. Користи нова генерација на мотори со еcotec технологии кои ја намалуваат потрошувачката на гориво и издувните гасови и овозможуваат возење со оптимална ефикасност.

9. Honda Civic

Новата линија на Honda Civic исто така доаѓа со бројни подобрувања и се вбројува во најдобрите автомобили за 2018. Има системи за предупредување при опасна ситуација, избегнување на судир, предупредување за промена на лента на коловозот.

10. Ford Fiesta

Активна помош при паркирање, прилагодлив темпомат и помош при одржување правец се само дел од системите интегрирани во ова компактно возило. Моделот доаѓа со EcoBoost бензински мотор и автоматскиот систем Start-Stop кој заштедува гориво.