Секторот за вештачење на АМ ЦЕРТ во областа на транспортните средства, ќе Ви помогне да ја одредите и дефинирате реалната вредност на направената штета или хаварија на Вашето возило, опрема или машини, како и да откриете одредени неправилности, манипулации или измами.

ПОБАРАЈТЕ ГИ НАШИТЕ ЛИЦЕНЦИРАНИ ЕКСПЕРТИ ВО ОБЛАСТА НА ТРАНСПОРТНИТЕ СРЕДСТВА, МАШИНИ И МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА ВО СЛЕДНИТЕ СЛУЧАИ :

  • Несреќи кај сите категории на возила кои настанале како резултат на ломовиво елементи од носечката структура, од било каква причина,
  • Хаварии на возила кои настанале поради лошо димензионирани витални делови од носечката структура,
  • Хаварии на возила на кои е направена одобрена или неодобрена преправка направена поинаку од барањата на науката за носечки структури кај возилата,
  • Анализа дали преправка на конкретно возило одговара на преправката како што е опишана во Потврдата за сообразност, дали отпосле се правени дополнителни преправки поинакви од оние кога возилото било одобрувано,
  • Анализа на марка, тип, изведба и комерцијална ознака на возило за кое постои сомнеж дека е преправено и кое се разликува од типот, изведбата и комерцијалната ознака на одбреното возило,
  • Анализа при определување на вистинските технички податоци на возило, доколку постои сомнеж дека возилото е фалсификувано со замена и фалсификување на скопови чиј код се користи при идентификација на возилото,
  • Хаварии на рударски и градежни работни машини