АМ ЦЕРТ нуди консултантски услуги за усогласување со Европските Директиви со цел на компаниите производители или преставници на одредени производи да им обезбеди „CE“ означување на производите.

„CE“ ОЗНАЧУВАЊЕ

Сите производи кои се пласираат на пазарот на ЕУ мораат да ги исполнуваат сите услови од една или повеќе директиви кои се однесуваат на нив и да ја потврдат нивната усогласеност со што ќе овозможат поставување на „CE“ означување на производите.

Со усвојување на  т.н. „New Approach“ (Нов пристап) се воведуваат Европски Директиви кои важат за сите земји кои се членки на ЕУ. Со ова се отстранети сите бариери меѓу границите и произведувачот има само еден закон (Директива) која важи во цела Европа.

ШТО ЗНАЧИ „CE“ ОЗНАКАТА? 

Симболот „CE“ е кратенка од француската фраза Conformité Europèenne – Европска усогласеност (задоволување на ЕУ прописи).

ЕЛЕМЕНТИ НА УТВДУВАЊЕ НА УСОГЛАСЕНОСТ

Утврдувањето на усогласеноста, воопшто, се однесува на производот, процесот на производство, услуги, системот за квалитет и заштита на животна средина и др.
Во проверката на усогласеноста некогаш не се бара учество на трета страна, но во повеќето случаи процената на усогласеноста ја врши Oвластено тело – Notified Body (нпр. TÜV SUD Product Service) од страна на ЕУ.

ГЕНЕРАЛНИ ПРИНЦИПИ НА „CE“ ОЗНАЧУВАЊЕТО

  1. „CE“ ознаката може да се стави само од страна на производителот или негов овластен претставник.
  2. „CE“ ознаката се поставува само на производи кои се усогласени со законската регулатива на заедницата и не треба да се појавува на други производи.
  3. Со поставувањето на „CE“ знакот произведувачот потврдува дека презема одговорноста за усогласеноста на производот со сите барања утврдени во релевантната законска регулатива наменети за производот означен со „CE“ знак.
  4. Забрането е поставувањето на ознаки или натписи на производот кои можат да наведат на погрешно толкување на „CE“ знакот. Други ознаки не смеат да ја оштетат висливоста, читливоста и јасноста на „CE“ означувањето.
  5. Земјите членки треба да овозможат соодветна имплементација за да се регулира „CE“ означувањето со конкретни акции (казни за прекршоци) во случај на несоодветна употреба на ознаката.

 

  • „CE“ знакот мора да стои на самиот производ или на пакувањето на производот како и на целокупната придружната документација.
  • Знакот мора да биде лесно видлив, јасен и читлив.
  • Доколку поинаку не е одредено знакот мора да биде со големина од 5мм.

 

НЕКОИ ОД ЗНАЧАЈНИТЕ ДИРЕКТИВИ НА НОВИОТ ПРИСТАП 

Р.     бр. Директива Име
1 90/396/EEC Уреди во кои согоруваат гасни горива
2 2000/9/EC Жичани инсталации наменети за превоз на луѓе
3 89/106/EEC Производи за градежништво
4 2004/108/EC Електромагнетска компатибилност
5 94/9/EC Опрема и заштитни системи во потенцијално експлозивна атмосфера
6 93/15/EEC Експлозиви за цивилна употреба
7 95/16/EC Лифтови
8 2006/95/EC Опрема под низок напон
9 90/385/EEC Медицински уреди: Активни имплантати
10 93/42/EEC Медицински уреди: сите
11 98/79/EC Медицински уреди: Ин витро дијагностика
12 90/384/EEC Не автоматски уреди за мерење
13 94/62/EC Амбалажа и амбалажен отпад
14 89/686/EEC Лична заштитна опрема
15 97/23/EC Опрема под притисок
16 1999/5/EC Радио и телекомуникациска опрема
17 2006/42/EC Безбедност на машини
19 88/378/EEC Безбедност на играчки
20 87/404/EEC Едноставни садови под притисок