АМ Церт е акредитирана работилница за калибрација на аналогни и дигитални тахографи според стандартот МКС EN ISO/IEC 17020 Тип Ц. Секторот за мобилтет – Одделот за тахографи, ограничувачи на брзи на и таксаметри е овластен за вршење на дејноста од страна на Министерството за транспорт и врски.

Проверката и калибрацијата на дигиталните и аналогните тахографи е задолжителна и се врши на секои две години. Исто така при промена или поправка на тахографот како и промена на димензија на пневматиците.

Возачите имаат законска обврска да ги снимаат своите активности, да ги зачуваат тие податоци и да ги предадат на барање на транспортните власти кои се задолжени за спроведување на контролата на работното време на мобилните работници. Ние Ви нудиме софтверско решение за водење евиденција на активностите на возачите и хардверски решенија за пренос на податоците од дигиталните тахографи.

Контактирајте ја нашата овластена работилница во Комплексот Стракларница.