ОСНОВНИ ПРАВИЛА И ПРИНЦИПИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО АМ ЦЕРТ ДООЕЛ СКОПЈЕ
АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје во улога на контролор и обработувач на лични податоци обезбедува тајност и заштита на личните податоци за своите вработени, клиенти и сите други субјекти на личните податоци (физички лица на кои се однесуваат обработените податоци), чии лични податоци по било кој основ (согласност, договор и др.) и на било кој начин (автоматизирано или рачно) се обработуваат. АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје ги обработува личните податоци во согласност со важечката законска резултат и подзаконските акти кои ја регулираат заштитата на личните податоци и Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци на АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје.
Личните податоци во АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели. Обработката на личните податоци е врз основа на закон или дадена согласност на субјектот на личните податоци.
АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје ги чува и обработува личнте податоци на субјектите, онолку колку што е потребно за исполнување на договорните и законски обврски. По истекот на рокот за чување истите трајно се бришат.
Доколку АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје не ги добие сите потребни податоци за спроведување на услугите кон клиентот, можните негативни последици паѓаат на товар на клиентот корисник на услугите.
АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје превзема мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци со примена на технички и организациски мерки со кој се обезбедува целосна доверливост, интегритет и заштита на личните податоци. АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје обезбедува точност, целосност и ажурност на личните податоци кои се обработуваат и ќе ги избрише, односно корегира неточните и неажурни податоци во согласност со целите за кои се обработуваат.
Субјектот на личните податоци, согласно законските прописи, има право на увид и исправка на личните податоци кои АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје ги обработува. Субјектот на лични податоци може да поднесе писмено барање за увид и исправка на личните податоци на шалтерите на станиците за технички преглед на АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје или електронски на следнава e-mail адреса: katerina.zdravkova@automakedonija.com.mk.
Субјектот на лични податоци има право во секое време да ја повлече дадената согласност за употреба на личните податоци за комерцијални цели, со поднесување на писмено барање на шалтерите на станиците за технички преглед на АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје.
АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје ќе ги даде личните податоци на користење на корисник, врз основа на писмена барање од корисникот, доколку тие се потребни за извршување на работи во рамките на со закон утврдени надлежности на корисникот. АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје води евиденција за личните податоци кои се дадени на корисникот.