АМ ЦЕРТ, како дел од Групацијата Аутомакедонија, нуди широк спектар на стручни услуги од областа на возилата, сертификацијата, инспекцијата, калибрацијата и едукацијата, обезбедувајќи сигурност, усогласеност и врвен квалитет за своите клиенти.
Технички преглед и регистрација на возила
Во нашите три станици за технички преглед и регистрација можете да добиете:
- Редовен и вонреден технички преглед на моторни возила, земјоделски и работни машини
- Регистрација на возила и услуги преку шалтерите на МВР
- Издавање меѓународни возачки дозволи
- Потврди за управување со туѓо моторно возило во странство (полномошно)
Осигурување
Преку АМ БРОКЕР, членка на Групацијата Аутомакедонија, клиентите можат да изберат полиси од сите осигурителни компании во земјата и да добијат решение прилагодено на нивните потреби.
Испитување и инспекција на возила
Обезбедуваме професионални услуги за:
- Хомологација на возила
- Атести на преправени и поправени возила
- ЦЕМТ, ADR и ATP прегледи
- Проверка и калибрација на тахографи
- Испитување на возила, системи и делови
Калибрација
Нашата акредитирана лабораторија врши калибрација на механички големини, време, фреквенција и оптички зрачења, во согласност со највисоките стандарди за точност и доверливост.
Едукација и развој
Организираме обуки и стручни едукации за трансфер на технички знаења и следење на современите трендови и иновации во автомобилската индустрија.
Сертификација
Нудиме сертификација на системи за менаџмент согласно меѓународните ISO стандарди и важечката национална регулатива.
Аутомакедонија Асистенција
Во соработка со Oryx Assistance, обезбедуваме современи пакети за техничка помош на пат, дизајнирани да им понудат сигурност и поддршка на возачите во секоја ситуација.
Вашата безбедност, мобилност и доверба се наш приоритет.

