Акредитираната лабораторија нуди услуги за калибрација на димензионални величини, механички величини, оптички зрачења, време и притисок.
Лабораторијата работи во склоп на локацијата Турист при АМ Церт, сместена во реновирани, наменски простории на бул. Борис Трајковски 21а, Скопје.
Основната цел на Лабораторијата за калибрација на димензионални механички големини, време и оптички зрачењае е да понуди калибрација на мерилата и опремата во станиците за технички преглед на моторните возила како и да понуди услуги на другите заинтересирани за величините наведени во табелата – Калибрациони мерни можности. Воколку сте заинтересирани за наведените услуги ве молиме пополнете Барање за калибрација и доставете го до контакт лицето marjan.pislevic@automakedonija.com.mk.
За компетентноста на лабораторијата ја потврдува сертификатот за акредитација на лабораторија за калибрација на димензионални, механички големини, време и оптички зрачења број ЛК 005 од Институтот за акредитација на Република македонија.
Негуваме професионални и партнерски односи со корисниците и добавувачите, максимална флексибилност кон барањата и жалбите на клиентите, а особено со мерење, анализирање и зголемување на задоволството на корисниците со исполнување на нивните барања и очекувања и за кое добредојдени се вашите коментари со пополнување на анкетно ливче .
Лабораторијата ги има следните Калибрациони мерни можности
Реден број | Величина | Намена Опрема/Инструмент | Опсег |
1. | Шум (звук) | Калибрација на мерила за ниво на бучевост- Фонометри | 94 dB / 1000 Hz
114 dB / 1000 Hz |
2. | Временски интервал | Калибрација на мерила за време – хронометри | 0 до 24 h/0,01s |
3. | Аглол | Калибрација на уреди за проверка на празниот од на управувачот кај возилата- Агломер | 0º до 1800/0,10 |
4. | должина | Калибрација на уреди за проверка на габаритните димензии кај возилата – мерни трака и летви | 0 до 30 m |
5. | должина | Калибрација на уреди за проверка на дебелината на Нониус за висина на профил на пневматик | 0 до 25mm /0,1 mm |
6. | Сила | Калибрација на уреди за проверка на силата за кочење кај возилата (на тркалата и на папуча за ножна команда) | 0 до 40 kN / 1N |
Притисок (воздушен) | Калибрација на уреди за проверка на притисок на инсталации кај возилата -манометри, сензори за притисок | 0 до 20 bar/0.07 bar | |
8. | Фреквенција | Калибрација на уред за програмирање на дигитални тахографи | Константа на тахограф0 до 99999 imp/km0 до 180 km/h |
9. | Маса | Интегрирани системи за мерење на маса (маса на оски на возила) | 100 kg до 10000 kg / kg |
10. | Затемнетост/трансмисија на светлина | Уреди за мерење на затемнетоста на издувните гасови од возилата опремени со дизел мотори -oпациметри | 0% дo 100 % |
11 | Температура во комори | Климатизирани комори (стабилни и мобилни) | -20 0C до +50 0C |
12 | Гасни семши | Уреди за мерење наквалитетот на издувната емисија кај возилата опремени со бензински мотори – гас анализатори | CO 0,5 и 3,5 Moll%CО2 6,0 и 14,0 Moll.%C3H8 200 и 2000 ppm |
13 | Должина(правост) | Уреди за мерењена насоченоста на тркалата кај возилата | 0 до 20 mm/m (m/km) |
14 | Особини на оптички системи | Уреди за мерење наинтензитетот и насоченоста на светлата кај возилата | 0% дo 4%
16 lux дo 240 lux |
15 | Брзина | Уреди со валци замерење на брзинатана возила со две тркала | 0 km/h до 70 km/h |
16 | Забрзување и успорување | Децелерометар | 0 m/s² – 9,81 m/s² |