Услуги

Добра и влијанија врз животна средина

АМ ЦЕРТ со своите овластени експерти од областа, на своите клиенти – физички и правни лица, компании, институции, тела и органи им нуди професионална процена од областа на заштитата на животната средина. Процената се врши професионално, непристрасно и со користење на најсовремените методи и алатки во сферата на заштитата на животната средина.

dobri_vlijanijaШТО ОПФАЌА ПРОЦЕНАТА ВО ОБЛАСТА НА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА?
Опфат на процената може да биде целата животна средина односно нејзините медиуми и области:
Во медиуми на животната средина вообичаено се вклучуваат водата, воздухот и почвата.
Под области на животната средина вообичаено се подразбираат: природата со биодиверзитетот, хемизација, бучава, отпадот и др. елементи кои се непосредно поврзани со квалитетот на животната средина.

ВО КОИ СЛУЧАИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ИЗГОТВИ ПРОЦЕНА ВО ОБЛАСТАНА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА?
1. Потреба од интервенции во животната средина
• Економски развој (одржлив/неодржлив),
• Законски обврски при инвестициони проекти,
• Потреба од процена на животната средина.

2. Случајни/неслучајни штети врз животната средина
• Природни и антропогени катастрофи; акциденти,
• Потреби од процена заради ремедијација, компензација или ревитализација.