„Единечното одобрување на возила” е постапка во која органот за одобрување (Биро за метрологија на РМ) врз основа на наоди на техничка служба потврдува дека прегледаното единечно возило, уникатно или не, ги исполнува пропишаните барања и согласно со тоа му се издава одобрение за единечно возило

Според Правилникот за единечно одобрување на возилата,  единечното одобрување се врши на:
–   возилата чиј што тип не бил одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип во Р.Македонија, а за кое се исполнети барањата во согласност со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон,
–   уникатните возила, возилата за специјална намена, како и возилата во последната фаза од повеќефазно одобрување и
–   возилата чијшто тип бил одобрен, а возилото не било регистрирано и било преправено.

Потребни документи за спроведување на постапка на единечно одобрување на возило:
–   Потврда за платени царински давачки
–   Фотокопија од сообраќајната дозвола.
–   Изјава за вредност на стоката, фактура или купопродажен договор за возилото
–   Потврда за исполнување на техничките    карактеристики    на    друмско возилото    и    за   меѓународните  хомологациски прописи кои ги исполнува, издадена од:

  • производителот на возилото
  • овластениот претставник на Производителот во Р. Македонија или
  • друга независна институција прифатена од Органот за одобрување (пр. TÜV Nord, TÜV Süd, TÜV Rheinland или др.)

– Технички извештај (Елаборат), доколку возилото е изработена во фази или му е извршена преправка, сите Сертификати од целата опрема вградена во преправката,