Услуги

Услуги

  • Техничка служба Акредитирана од Институтот за акредитација на Република Македонија Согласно овластувањата, стопанствениците можат да добијат:
  • Типско и единечно одобрување на возила и системи делови врска ТСВ
  • Идентификациони постапки на одобрување на возила
  • Одобрување на преправани возила
  • Евидентирање на модификации кај возила за сите категории

 Хомологација на возила

Законска обврска во Република Македонија е возилата што се увезуваат да сеодобрени согласно техничките спецификации за возила (ТСВ) и домашното и Европското законодавство.

Хомологација на резервни делови

Постапката на хомологација на резервни делови и нивните системи се повеќе станува актуелна. се веќе еднаш типски одобрени во Република Македонија при увоз се врши постапка на идентификација во базата на одобрени делови и нивните системи.

Оваа законска обврска предвидува пред пуштање во промет деловите и нивните системи да сеодобрени и да одговараат на на техничките спецификации за возила (ТСВ), а пак резервните делови кои

Во Техничката служба на АМ Церт може да ви се изврши инспекција на хомологациска исполнетост на резервните делови или системи кои сакате да ги увезете и да Ви се издаде Потврда за техничка и хомологациска исполнетост на прегледан дел или систем.

ATP Сертификати

АМ Церт е овластен од TUV SUD за вршење на испитувања и годишни инспекции на возила кои вршат меѓународен транспорт, а врска меѓународната ATP конвенција за превоз на храна и расипива стока.

Атест на преправки на возила

Возилата на кои е направена модификација или преправка задолжително треба да се проверат дали измените се направени според Правилникот за преправани и поправани возила и спред насоките на техничките спецификации за возила (ТСВ).

За оваа процедура можете да се јавите во Техничката служба на АМ Церт каде ќе биде направен записник за усогласеноста на преправките и доколку е се според барањата на насовите во ТСВ се издава Потврда за сообразеност на технички карактеристики на возилото а коипак се евидентираат во регистарот на возила на Република Македонија.

Во Техничката служба на АМ Церт можете да добиете и АТЕСТИ за: пормена на сопстевена маса и геометриски параметри на возилото, куки, фолии, промена на кочници, пневматици, потoа конструктивна промена на возилото, спојлери, издувни лонци, промена на погонски мотор или менувач, потоа блиндирани возила и возила за специјална намена (санитетски-медицински возила, градежни возила, погребални возила, патраи и др.)

ТUV Сертификати

АМ Церт е овластен застапника за Република Македонија на TUV Sud Германија ја стави на располагање најголемта светска хомологациона база на податоци за потребите при:

  • Увоз на користени моторни возила
  • Увоз на резервни делови и нивни системи и склопови за возила
  • АДР Сертификати за возила за превоз на опасни и експлозивни матерјали
  • АТП Сертификати за одобрени возила за пренос на храна
  • Сертификати за одобрени преправки и модификации кај возила и земјоделски машини и работни машини.

 

 ADR Сертификати

АМ Церт е овластена институција за инспекција на возила што вршат транспорт на опасни материи на патиштата во Република Македонија е овластен од TUV Sud за вршење на испитувања

и годишни инспекции на возила што вршат меѓународен транспорт.

АМ Церт е овластен од Министертството за транспорт и врски на Република Македонија за калибрација, сервисирање и монтажа на аналогни и дигитални тахографи.

АМ Церт е овластен застапник за Stoneridge Electronics Ltd (Veeder&Root) за Република Македонија.

АМ Церт врши и архивирање на податоци од аналогни и дигитални тахографи и меморски картици за тахографи на возачи

ЕКМТ (CEMT) Прегледи

АМ Церт е овластен од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија за периодични прегледи на возила што вршат меѓународен транспорт согласно мултирателарниот меѓународен ЦЕМТ договор.

Станици за технички преглед

АМ Церт е овластена мрежа на Станици за технички преглед од од Министерството завнатрешни работи. Овластени сме за:

  • Годишни и вонредни задолжителни технички прегледи
  • Регистрација на возила (Шалтер на МВР)
  • Полномошно за управување на туѓо моторно возило
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Полиси за автоодговорност и зелена карта (Еурокеспертс)