Тахограф е инструмент за мерење кој служи за автоматско снимање на брзината и времето на патување на возилото, како и видот и времетраењето на активноста на возачот.

Современите тахографи мерат колку време возилото е активно. Го мери времето за возење, додека возилото е во движење, за секој возач, како и времето на одмор. Главната причина за користење на овој инструмент е регулирање на времето на возење на автобуси и камиони со цел да се избегнат несреќи што се резултат на заморот на возачот.

Првите тахографи почнале да се користат во железничкиот сообраќај, уште во 1920тите, а нивната цел била да им помогне на компаниите полесно да ги откријат неправилностите. Тогашните тахографи биле аналогни.

Иако сѐ уште постои и се користи овој вид на тахографи, во денешно време почесто се среќаваат дигиталните тахографи. Дигиталните тахографи почнале да се употребуваат во Мексико во 1994 година, а нивната употреба е задолжителна во Европската унија за возилата што се произведени по 1 август 2005 година.

Како функционира тахографот?

Системот на тахографите се состои од единица за снимање, глава на тахограф (пенкала) и единица за испраќање. Кај аналогните тахографи, единицата за снимање е хартија обложена со восок во форма на диск на кој иглата перманентно ги снима податоците, додека дигиталните тахографи се дигитални картички кои имаат микрочип со флеш меморија. Секој возач мора да има своја лична картичка издадена од релевантна институција. Картичките ги зачувуваат податоците како .ddd датотеки и можат да се читаат во софтверот за анализа на тахографи.

Заедно со податоците за брзината, тахографот прима податоци за активноста на возачот. Главата автоматски се префрлува на режимите на возење кога возилото се стартува и се префрлува на други модули при промена на оваа состојба, но модулите за одмор и пауза можат рачно да се изберат.

Возачите се законски обврзани правилно да ги евидентираат своите активности и да водат евиденција, а во случај на контрола треба да се предадат на соодветните органи.