Зошто ЕKМТ/CЕМТ сертификат?

 

EKMT/CEMT

 

ЕKМТ/CЕМТ сертификат е мултилатерална дозвола за меѓународен превоз на стоки со која може да се обавуваат неограничен број превози низ земјите членки на CЕМТ и транзит преку нивните територии.

Составен дел на ЕKМТ/CЕМТ дозволата е дневникот кој се користи за транспортни операции, по хронолошки редослед за секое патување на товарено или празно возило и сертификатите кои потврдуваат на која категорија припаѓа возилото. Дневникот може да се користи само за контрола на дозволата.

Одредени ЕKМТ/CЕМТ дозволи може да имаат територијални ограничувања. Територијалните ограничувања важат за териториите на Република Австрија, Република Италија и Република Грција. Дозволите имаат црвен печат со прецртана ознака на земјата во која не можат да се користат.

Право на учество за распределба на ЕKМТ/CЕМТ дозволи имаат правни и физички лица (превозници) регистрирани на територијата на Република Македонија чија претежна дејност е вршење на меѓународен превоз на стоки во траење од најмалку една година, согласно решението за претежна дејност издадено од Државниот завод за статистика. Преглед се извршува на нови возила, како и на возила што веќе се во употреба.

Сертификатот ЕKМТ/CЕМТ мора да го поседуваат сите возила што вршат меѓународен транспорт.

Барањето за добивање на ЕKМТ/CЕМТ дозвола правното и физичко лице го доставува во архивата на Министерството за транспорт и врски во период од 13 до 15 октомври во тековната година за наредната година.

АМ ЦЕРТ е носител на овластување од Министерството за транспрот и врски за издавање на сертификат за тест за подготвеност за сообраќај на возилата.