Oдобрување на тип на
возило е постапка, со која се
потврдува, дека типот на возилото, системот, составниот дел или самостојната
техничка единица ги исполнува соодветните одредби од Законот за возила и
прописите донесени врз основа на Законот за возила, како и соодветните технички
барања.
Оваа постапка се
применува за возила кои сериски се увезуваат од страна на овластените
застапници на соодветните марки возила во Република Северна Македонија.
Процесот се
спроведува преку овластени технички служби и инспекциски тела, т.е. преку АМ
Церт ДООЕЛ Скопје.
Постапката
Одобрување на тип на возило на четири и повеќе тркала се врши согласно со
одредбите од Правилникот за одобрување на нови моторни и приклучни возила и
системите, составните делови и самостојните технички единици наменети за
таквите возила (Службен весник на Република Македонија бр.132/2009).
Постапката
Одобрување на тип на возило на две и три тркала (вклучително на квадрацикли) се
врши согласно со одредбите од Правилникот за одобрување на тип на моторни
возила на две и три тркала (Службен весник на Република Македонија
бр.131/2009).
Постапката
Одобрување на тип на земјоделски и шумски трактори, нивни приколки и приклучни
машини се врши согласно со одредбите од Правилникот за одобрување на
земјоделски и шумски трактори (Службен весник на Република Македонија
бр.134/2009 и 132/2012).
ПОТРЕБНА
ДОКУМЕНТАЦИЈА:
- Известување од Бирото за метрологија.
(Админстративната постапка за
одобрување започнува со пристигнување на „Известување“ од Органот за одобрување – Бирото за метрологија). - Бaрање за
преглед на документацијата за одобрување и возило во постапка за
одобрување на тип возило, во согласност со известувањето добиено од Органот за одобрување заверено со печат,
архивски број и платена административна такса.
- Уредно пополнет информативен пакет за
возилото
- Оригинал или заверена со печат и потпис
копија од COC документ (за возилата за кои типот е одобрен
согласно хармонизираните европски прописи – WVTA).
Контакт
- БОРИС ТРАЈКОВСКИ 21, СКОПЈЕ - КИСЕЛА ВОДА, Кисела Вода, Република Северна Македонија
- 02 310 3260
- info@amcert.mk

