Хомологација

„Единечното одобрување на возила” е постапка во која органот за одобрување (Биро за метрологија на РМ) врз основа на наоди на техничка служба потврдува дека прегледаното единечно возило, уникатно или не, ги исполнува пропишаните барања и согласно со тоа му се издава одобрение за единечно возило

Според Правилникот за единечно одобрување на возилата,  единечното одобрување се врши на:
–   возилата чиј што тип не бил одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип во Р.Македонија, а за кое се исполнети барањата во согласност со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон,
–   уникатните возила, возилата за специјална намена, како и возилата во последната фаза од повеќефазно одобрување и
–   возилата чијшто тип бил одобрен, а возилото не било регистрирано и било преправено.

Потребни документи за спроведување на постапка на единечно одобрување на возило:
–   Потврда за платени царински давачки
–   Фотокопија од сообраќајната дозвола.
–   Изјава за вредност на стоката, фактура или купопродажен договор за возилото
–   Потврда за исполнување на техничките    карактеристики    на    друмско возилото    и    за   меѓународните  хомологациски прописи кои ги исполнува, издадена од:

производителот на возилото
овластениот претставник на Производителот во Р. Македонија или
друга независна институција прифатена од Органот за одобрување (пр. TÜV Nord, TÜV Süd, TÜV Rheinland или др.)

Документи

Превземете ги потребните документи

Контакт

  • БОРИС ТРАЈКОВСКИ 21, СКОПЈЕ - КИСЕЛА ВОДА, Кисела Вода, Република Северна Македонија
  • 02 310 3260
  • info@amcert.mk

АМЦЕРТ - Кисела вода

Борис Траjковски 21, Скопје 1000
+389 2 3103 260
(08:00 - 16:00)

Пратете не