ЗА НАС

АМ ЦЕРТ, како дел од Групацијата Аутомакедонија, нуди широк спектар на стручни услуги од областа на возилата, сертификацијата, инспекцијата, калибрацијата и едукацијата, обезбедувајќи сигурност, усогласеност и врвен квалитет за своите клиенти.

Технички преглед и регистрација на возила

Во нашите три станици за технички преглед и регистрација можете да добиете:

  • Редовен и вонреден технички преглед на моторни возила, земјоделски и работни машини
  • Регистрација на возила и услуги преку шалтерите на МВР
  • Издавање меѓународни возачки дозволи
  • Потврди за управување со туѓо моторно возило во странство (полномошно)

Осигурување

Преку АМ БРОКЕР, членка на Групацијата Аутомакедонија, клиентите можат да изберат полиси од сите осигурителни компании во земјата и да добијат решение прилагодено на нивните потреби.

Испитување и инспекција на возила

Обезбедуваме професионални услуги за:

  • Хомологација на возила
  • Атести на преправени и поправени возила
  • ЦЕМТ, ADR и ATP прегледи
  • Проверка и калибрација на тахографи
  • Испитување на возила, системи и делови

Калибрација

Нашата акредитирана лабораторија врши калибрација на механички големини, време, фреквенција и оптички зрачења, во согласност со највисоките стандарди за точност и доверливост.

Едукација и развој

Организираме обуки и стручни едукации за трансфер на технички знаења и следење на современите трендови и иновации во автомобилската индустрија.

Сертификација

Нудиме сертификација на системи за менаџмент согласно меѓународните ISO стандарди и важечката национална регулатива.

Аутомакедонија Асистенција

Во соработка со Oryx Assistance, обезбедуваме современи пакети за техничка помош на пат, дизајнирани да им понудат сигурност и поддршка на возачите во секоја ситуација.

Вашата безбедност, мобилност и доверба се наш приоритет.

АМЦЕРТ - Кисела вода

Борис Траjковски 21, Скопје 1000
+389 2 3103 260
(08:00 - 16:00)

Пратете не