МКД СЕРТИФИКАТ при АМ ЦЕРТ –акредитирано домашно сертификационо тело од страна на ИАРМ.
АМ Церт по извршената проверка од докажани домашни и меѓународни експерти, на успешно исполнетите барања на Македонското Законодавство (Сл. весник на РМ бр. 69 од 24.05.2013) и Европските стандарди, оправдано се стекна со првата акредитација за проверка на Системите за менаџмент со квалитет во Државната Управа.
- Универзитет “Гоце Делчев” Штип
- Општина Аеродром
- Министерство за Образование на Р.М
- Општина Карпош
- Ректорат на Универзитет Кирил и Методиј
- Биро за регионален и локален развој на Р.М.
- Управа за идрометеоролошки работи
- Влада на Република Македонија
МКД СЕРТИФИКАТ врши сертификација на Системи за менаџмент со квалитет согласно MKС ЕN ISO 9001:2015 за : јавна администрација, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употеба и за домаќинства и инженеринг услуги.
Главни придобивки од сертификација :
- меѓународна препознатливост за квалитет на компанијата,
- зголемување на довербата во партнерските односи,
- зголемување на моралот на вработените
- зголемување на имиџот на компанијата.
Со стекнатите знаења во делот на меѓународните стандарди (ISO стандарди) АМ Церт беше поканета и стана партнер на најстарата германска фамилија на сертификациони тела.
МКД Сертификат Ви стои на располагање за сите информации поврзани со Изјавата за непристрасност, процедурата за сертификација на клиенти, жалби и приговори, како и правилата за користење на знакот на МКД Сертификат.
МКД СЕРТИФИКАТ на барање може да обезбеди и информации за:
а) географските области во кои ја врши својата дејност;
б) актуелната состојба на дадената сертификација;
в) името, соодветниот правен документ, опсегот и географската локација (град и држава) за секој конкретен сертифициран клиент.
Во исклучителни случаи, пристапот до определена информација може да биде ограничен, по барање на клиентот ( на пример од безбедносни причини)