АМ ЦЕРТ поседува Лиценца за вршење на енергетска контрола со тројца овластени енергетски контроли. Ова овозможува АМ ЦЕРТ да врши Проверка на имплементацијата на одредбите од Правилникот за енергетски карактеристики на зградите согласно Правилникот за енергетска контрола.

Предмет на енергетската контрола се згради и градежни единици со сите помошни постројки и опрема, вклучувајќи и системи за греење и климатизација, како и индустриски процеси кои се одвиваат во нив. Со енергетската контрола се утврдува ефикасноста при користење на енергијата, како и можностите за намалување на потрошувачката на енергија и остварување на заштеди.

Преку овие мерки ќе се дефинираат условите и стандардите на зградите и јавните објекти, а зградите во зависност од степенот на енергетска ефикасност што ја нудат ќе бидат класифицирани и ќе добијат енергетски пасоши со препораки за подобрување/заштеда на енергија.