AM ЦЕРТ Скопје на своите клиенти им обезбедува услуги во насока на исполнување на законските обврски од областа на животната средина согласно Законот за животна средина (Сл. Весник бр. 53/05 од 05.07.2005 год.), Законот за управување со отпад (Сл. Весник бр. 9/11 од 25.01.2011 год.) и останати поврзани законски акти.

AM ЦЕРТ Скопје има високостручен кадар и лиценцирани експерти од областа на заштита на животната средина за изработка на:

  •   Еколошки елаборати
  •   Програма за управување со отпад
  •   Документација за добивање на А и Б Интегрирани еколошки дозволи
  •   Стратегиска оцена на животната средина

ЕКОЛОШКИ ЕЛАБОРАТИ

Законот за животна средина (Сл. Весник бр. 53/05 од 05.07.2005 год. ) ги обврзува сите правни и физички лица кои вршат дејности и активности кои се определени во Уредбата за дејности и активности за кои задолжително се изработува елаборат, а за кои активности и дејности задолжително се изработува ЕЛАБОРАТ за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината (Сл. Весник на РМ бр. 80/09), должни се да изработат елаборати или да го изменат постојниот елаборат, со цел да го усогласат своето работење со пропишаните стандарди за квалитет на животната средина и пропишаните гранични вредности на емисии.

ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Сoгласно Законот за управување со отпад (Сл. Весник бр. 9/11 од 25.01.2011 год.) Член 21, правните и физичките лица кои во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад се должни да изработат и да ја реализираат Програма за управување со отпад.

А И Б ИНТЕГРИРАНИ ЕКОЛОШКИ ДОЗВОЛИ

Надлежен орган за издавање на А интегрираните еколошки дозволи е Министерството за животна средина, а за Б интегрирани еколошки дозволи надлежен орган се единиците на локалната самоуправа со исклучок на оние инсталации кои се наоѓаат во заштитените подрачја за кои дозволата ја издава МЖСПП.

Целта која треба да се постигне со воведување на овој тип на дозволи е спречување доколку тоа не е можно намалување на загадување на најмала можна мера со што стандардите на квалитет на животната средина во РМ ќе се подигнат на ниво на оние во Европската Унија.

СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Стратегиска оцена се спроведува на плански документи кои се подготвуваат во областа на земјоделството,м шумарсвото, рибарството, енергетиката, индустријата, рударството, транспортот, регионалниот развој, телекомуникациите, управувањњето со отпадот, управувањето со водите, туризмот, просторното и урбанистичкото планирње и користењето на земјиштето, на Националниот акционен план за животната средина и на локалните акциони планови за животната средина, како и врз сите стратегиски, плански и програмски документи со кои се планира изведувањето на проекти за кои се врши оцена на влијанието од проектот врз животната средина.