Широкиот опсег на акредитирани дејности и овластувањата од Министерството за економија на Република Северна Македонија и овозможуваат на АМ Церт да врши сложени испитувања и одобрувања на голем број на преправки кај моторните возила.
Во нашиот испитен центар можете да добиете услуга за одобрување (атест) на следните преправки кај моторните возила:

  • Возило на кое е надградена каросеријата, односно е извршено доопремување со соодветни уреди, со што се преправа од еден во друг вид, варијанта или изведба (на пример од товарно во патничко возило, од отворено во затворено и слично)
  • Возило на кое е реконструирана постоечката каросерија во однос на димензиите, конструкцијата или материјалите од кои е изработено, при што не го менува видот, варијантата или изведбата
  • Возило на кое е променета кабината со кабина од друга изведба, а од ист или друг произведувач, или пак на кое кабината е реконструирана во однос на изведбата на бројот на седишта или легла
  • Возило на кое е променет бројот на седишта или пак е променета насоката на поставеност на седиштата
  • Возило на кое е извршена промена на самоносечката каросерија, односно носечката рамка
  • Возило на кое е преправен уредот за трансмисија
  • Возило на кое е преправен издувниот систем
  • Возило на кое се преправени или дополнително вградени уреди за осветлување и сигнализација, на места кои не се предвидени од производителот
  • Возило на кое е променета положбата на погонскиот мотор или уредите од трансмисијата
  • Возило на кое се променети некои од димензиите во однос на матичната изведба
  • Возило на кое се променети тркалата, пневматиците, нагибот или трагот на тркалата.

Исто така АМ Церт нуди одобрување на возила со дополнително вграден уреди како што се:

  • уред за погон на возилото на компримиран или течен нафтен гас (LPG и CNG)
  • заштитни фолии и затемнети стакла
  • дополнителни команди за управување од лица со посебни потреби
  • паралелни команди за возила за обука на возачи
  • уред за спојување на влечно со приклучно возило (приклучен уред)
  • дигалка, пумпа за преточување, платформа за натоварување и растоварување, влечно витло и слично
  • разладен уред (ладилник)
  • резервоар за погонско гориво
  • уред за чистење на снег или земја, расфрлување на сол или песок
  • држачи за резервно тркало вградени на надворешната страна на возилото
  • штитници и бришачи за светла и светлосни уреди
  • заштитен покрив (Hardtop)