Што е сертификат за енергетска ефикасност?

 

 

Сертификат за енергетска ефикасност е документ кој содржи податоци за енергетските карактеристики на зградата или градежната единица пресметани во согласност со Законот за енергетика и Правилникот за енергетски карактеристики на згради. Зградата може да се третира како една целина, или како повеќе градежни единици (пример спрат или стан).

Овој сертификат се издава за

Сите нови згради или градежни единици

• Згради или градежни единици кои се предмет на значителна реконструкција

• Згради или градежни единици кои се продаваат или издаваат

• Згради или градежни единици што се во сопственост или се закупени од лица од јавниот сектор со плоштина на корисната подна површина поголема од 250 m2.

• Згради и градежни единици од јавен карактер, со плоштина на корисната подна површина поголема од 250 m2.

 

Сертификатите за енергетски карактеристики на зградите се со важност од 10 години. Доколку во периодот на важност на сертификатот зградата подлежи на значителна реконструкција, треба да се издаде нов сертификат.

Објекти кои се ослободени од сертификат за енергетски карактеристики на зграда:

Објекти заштитени со посебен акт поради нивното архитектонско или историско значење;

• Објекти кои претставуваат недвижно културно наследство и меморијални споменици;

• Објекти кои се користат за верски обреди и религиозни активности;

• Објекти кои се користат привремено, со време на користење од две или помалку години;

• Производни хали, индустриски згради, работилници, магацини;

• Згради за домување кои се користат на период помал од четири месеци во текот на годината;

• Објекти со вкупна плоштина на корисната подна површина помала од 50 m2.

• Помошни објекти на системите за електронски телекомуникации;

 

Доколку објектот кој поседува сертификат се продаде или даде под наем, продавачите или лицата кои го издаваат објектот се должни да го предадат сертификатот на купувачите или закупците во оригинал или копија заверена од нотар.

Сертификат