Услуги

МКД сертификат

МКД СЕРТИФИКАТ при АМ ЦЕРТ –акредитирано домашно сертификационо тело од страна на ИАРМ.

АМ Церт по извршената проверка од докажани домашни и меѓународни експерти, на успешно исполнетите барања на Македонското Законодавство (Сл. весник на РМ бр. 69 од 24.05.2013) и Европските стандарди, оправдано се стекна со првата акредитација за проверка на Системите за менаџмент со квалитет во Државната Управа.

Новото акредитационо тело АМ Церт издава документ МКД СЕРТИФИКАТ како доказ за усогласеноста со процедурите и компетентноста на персоналот.

ИЗДАДЕНИ СЕРТИФИКАТИ:

  • Универзитет “Гоце Делчев” Штип
  • Општина Аеродром
  • Министерство за Образование на Р.М
  • Општина Карпош
  • Ректорат на Универзитет Кирил и Методиј
  • Биро за регионален и локален развој на Р.М.
  • Управа за идрометеоролошки работи
  • Влада на Република Македонија

МКД СЕРТИФИКАТ врши сертификација на Системи за менаџмент со квалитет согласно MKС ЕN ISO 9001:2009 за : јавна администрација, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употеба и за домаќинства и инженеринг услуги.

Главни придобивки од сертификација :

  • меѓународна препознатливост за квалитет на компанијата,
  • зголемување на довербата во партнерските односи,
  • зголемување на моралот на вработените
  • зголемување на имиџот на компанијата.

Со  стекнатите знаења во делот на меѓународните стандарди (ISO стандарди) АМ Церт беше поканета и стана партнер на најстарата германска фамилија на сертификациони тела.

На ваше барање, Ви стоиме на располагање за сите информации поврзани со изјавата за непристрасноста, сертификација на клиенти, процедурата за сертификација, сертифицирани клиенти и потврдување на валидноста на определена сертификација, како и за транзиција во новата верзија на стандардот MKC EN ISO 9001:2015 на нашата контакт адреса: ms@automakedonija.com.mk

Документи за заинтересирани страни: 
сертификација на СМК – информации за клиентот;
правила за употреба на сертификационен знак;
жалби и приговори;