Услуги

Обука на персонал за БЗР


obuka-bzrОБУКИ ЗА ЕКСТЕРНИ АУДИТОРИ ЗА ISO 9001 И ISO 14001

По ислушаните обуки и положениот тест учесниците на овие обуки ќе добијат меѓународно признат IRCA сертификат за екстерен/водечки проверувач за ISO 9001:2008/ ISO 14001:2005. Со тоа се квалификуваат да влезат во IRCA меѓународната мрежа на проверувачи и можат да се ангажираат на работи за проверување на системот за менаџмент со квалитет/ менаџмент за заштита на животната средина од страна на реномирани сертификациски куќи.

ОБУКА ЗА ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ ВО СОГЛАСНОСТ СО БАРАЊАТА НА СТАНАДАРДОТ ISO 9001:2008, ISO 14001:2005 И HACCP

Оваа обука овозможува да се добие сертификат за интерен проверувач (аудитор) за ISO 9001:2008/ISO 14001:2005/ HACCP .
По положениот тест, сертифицираните учесници ќе бидат во можност:
– Да ја опишат улогата на интерна проверка и да одржуваат и унапредуваат систем за менаџмент и одговорностите на интерен проверувач
– Да ја објаснат суштината и структурата на стандардот во согласност со барањата на стандардот ISO 9001/ISO 14001/HACCP
– Планираат и спроведуваат интерни проверки како дел од системот за менаџмент со квалитет/заштитата на животната средина/HACCP

ОБУКИ ЗА КОНТРОЛОРИ ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕДИ НА ВОЗИЛА

– АМ ЦЕРТ во соработка со експерти за моторните возила, законската регулатива за технички прегледи и останати профеионалци од областа на техничките прегледи на моторните возила врши обука на Контролори за технички преглед на возила.
– Овие обуки се со богата содржина кои ја претставуваат законската регулатива поврзана со техничките прегледи (законот за моторни возила и правилникот за технички прегледи), даваат насоки за управување со опремата и инструментите за технички прегледи и обезбедуваат интерактивно учество на партиципиентите за разјаснување на нивните прашања во врска со секојдневните задачи на контролорите.