„Единечното одобрување на возила” е постапка во која органот за одобрување (Биро за метрологија на РМ) врз основа на наоди на техничка служба потврдува дека прегледаното единечно возило, уникатно или не, ги исполнува пропишаните барања и согласно со тоа му се издава одобрение за единечно возило. Според Правилникот за единечно одобрување на возилата, единечното одобрување се врши на: – возилата чиј што тип не бил одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип во Р.Македонија, а за кое се исполнети барањата во согласност со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон, – уникатните возила, возилата за специјална намена, како и возилата во последната фаза од повеќефазно одобрување и – возилата чијшто тип бил одобрен, а возилото не било регистрирано и било преправено. Потребни документи за спроведување на постапка на единечно одобрување на возило: – Потврда за платени царински давачки – Фотокопија од сообраќајната дозвола. – Изјава за вредност на стоката, фактура или купопродажен договор за возилото – Потврда за исполнување на техничките карактеристики на друмско возилото и за меѓународните хомологациски прописи кои ги исполнува, издадена од:
– Технички извештај (Елаборат), доколку возилото е изработена во фази или му е извршена преправка, сите Сертификати од целата опрема вградена во преправката, Документи во постапка на единечно одобрување на возило: