Услуги

ATP

atpДоговорот за АТП (Accord relatif aux transports internationaux de denrées périssables et aux engins spéciaux à utiliser pour ces transports ) е “Спогодба за меѓународен превоз на лесно расипливи прехранбени производи и на посебна опрема за да се користат за таков превоз”.

Во испекциската станица на АМ Церт можете да направите периодична проверка на разладната комора и да добиете сертификат за превоз на лесно расипливи производи. Перидичните прегледи се вршат после шестата година од типското одобрување, а потоа на секои три години. Во зависност од температурата која ја постигнува разладната комора возилото се здобива со АТР сертификат со назнака FRA, FRB, FRC итн.