Услуги

ADR

adrВозилата кои вршат превоз на опасни материи подлежат на периодични проверки на техничката испавност и опременост согласно Европската спогодба за меѓународен превоз на опасни материи по патишта (Accord européen relatif au transport international des marchandises Dangereuses par Route – ADR).

По овластување од Министерството за внатрешни работи Експертите на АМ Церт вршат испитување на возилата кои превезуваат опасни материи во согласност со Законот за возила, Правилникот за превоз на опасни материи во друмскиот и железничкиот сообраќај, Прописите на ЕУ и Европската спогодба за меѓународен превоз на опасни материи по патишта (АДР). Покрај тоа нудиме стручни совети по сите прашања во врска со превозот и соодветната опрема.

Документи за ADR преглед