Квалитет

Основно определување на политиката на квалитет на АМ ЦЕРТ е да ги задоволи потребите и барањата на корисниците на услуги и општествената заедница, фокусирајќи се кон одржување и постојано подобрување на системот за менаџмент на квалитет преку примена на барањата на стандардот ISO 9001:2008.

Раководството на АМ ЦЕРТ се обврзува на добра професионална пракса и квалитетно давање на услугите на своите корисници.

Задоволството на корисниците го постигнуваме со соработнички деловен однос во текот на подготовката, давањето на услугата и грижата за корисникот по завршување на услугата.

Политиката на квалитет се заснова на следните цели:   

  • Негување на професионални и партнерси односи со корисниците и добавувачите
  • Постојано преиспитување и подобрување на квалитетот на работните процеси
  • Обезбедување конкурентност и препознатливост на квалитетот на услугите на пазарот и воведување на највисоки стандарди во работењето
  • Продуктивност, економичност и рационалност во работењето
  • Максимална флексибилност кон барањата и жалбите на клиентите
  • Мерење, анализирање и зголемување на задоволството на корисниците со исполнување на нивните барања и очекувања
  • Вложување во технички развој
  • Негување одличен работен амбиент
  • Заштита на животната средина
  • Поттикнување и стимулирање на креативните идеи кај вработените, нивните иницијативи и одговорноста за квалитет
  • Унапредување на знаењата, компетентноста и стручноста на вработените и мотивирање на персоналот за врвни достигнувања
  • Следење и примена на домашната и странска законска регулатива
  • Воведување и други меѓународни стандарди во своето работење
  • Раководството и вработените се обврзуваат на исполнување на барањата на воведениот стандард MKC EN ISO/IEC 17020:2006
  • Раководството и вработените се обврзуваат на исполнување на барањата на воведениот стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2006 

Постојаното образование и усовршување на раководството, вработените и соработниците, гарантира дека нашите цели на квалитет објективно се дофатливи за реализација.

 Сите вработени прифаќаат на своите работни места да ги извршуваат задачите во согласност со утврдената политика на квалитет и унапредување на квалитетот.