ПОПУСТ ОД 1.000 ДЕНАРИ ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА НА ВАШЕТО ВОЗИЛО!

635_am-cert-popust-470Овој специјален попуст од 1.000 денари на техничкиот преглед во Аутомакедонија, АМ ЦЕРТ важи за сите клиенти кои ќе се одлучат за комплетен пакет на регистрација на нивното возило. 

Основно определување на политиката на квалитет на АМ ЦЕРТ е да ги задоволи потребите и барањата на корисниците, фокусирајќи се кон одржување и постојано подобрување на системот за менаџмент на квалитет преку примена на барањата на највисоките европски и светски стандарди. Затоа во АМ ЦЕРТ постојано се нуди нешто со што ќе се приближи тој квалитет до корисниците, а тие да бидат целосно задоволни од понудената услуга.
Во станиците за технички преглед на Аутомакедонија, АМ ЦЕРТ се нуди регистрација и осигурување на вашето возило по најдобри услови на пазарот. Освен што добивате извонредна услуга новината е и што доколку тоа го направите заедно со осигурување од АМ Брокер добивате и неверојатни – 1.000 денари специјален попуст.

Се разбира освен редовен и вонреден технички преглед на сите категории возила, во АМ ЦЕРТ во секој момент може да добиете меѓународна возачка дозвола и потврда за управување на туѓо моторно возило во странство, комплетна информација и документација за хомологација на увезени возила и А-тест за преправки, согласно законските регулативи, ТUV сертификати, ЕЦМТ контрола…