ОБУКА ЗА ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ

АМ ЦЕРТ дооел Скопје, организира специјална :

shutterstock_130099715-700x354

ОБУКА ЗА ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ ЗА СИСТЕМ ЗА МЕНАЏМЕНТ СО КВАЛИТЕТ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА ISO 9001:2015

24-ти (четврток) и 25 (петок) Март 2016 година
ул. Св. Кирил и Методиј бр. 20, 1000 Скопје

(зграда на Аутомакедонија АД Скопје)

 

 

Цел на обуката:

Да помогне во совладување и разбирање на барањата на новата верзија на стандардот за менаџмент со квалитет (ISO 9001:2015), со цел нивната примена во пракса во реални услови.

Програмата на курсот вклучува:

– Пристапот “Квалитет” – како предизвик пред организациите;

– Идентификација на барањата кои треба да се интегрираат и почитуваат;

– Детално анализирање на барањата на стандардот ISO 9001:2015;

– Идентификација и разбирање на принципите на менаџирање со квалитетот;

– Акцент на новите и/или променети барања на стандардот.

Учесници за кои е наменета обуката:

– Вработени во организации кои што се или ќе бидат ангажирани во  имплементирање на систем за менаџмент со квалитет;

– Оние кои што сакаат да се запознаат и/или да го надополнат своето знаење во однос на барањата на ISO 9001:2015;

– Вработени во областа на квалитет, кои што сакаат да завршат обука за проверувач/аудитор на системи за менаџмент со квалитет (курс за внатрешни проверувачи);

– Одговорни лица за менаџирање со системот за квалитет во компаниите сертифицирани по ISO 9001:2008 и лица ангажирани за подобрување на квалитетот;

Методи на работа, времетраење на обуката и тестирање: Обуката се состои од предавање со презентација и практични вежби. Обуката ќе се спроведува во текот на 2 (два) дена, при што вториот ден ќе се полага испит во траење од 2 (два) часа.  

Учесниците добиваат:

 Сертификати за интерни проверувачи на Системи за менаџмент со квалитет согласно барањата на ISO 9001:2015 издадени од CIB;

– Кафе и безалкохолен пијалок;

– Закуска;

–  Работни материјали.

Предавач: Реномирани меѓународни обучувачи со долгогодишно искуство како водечки аудитор и предавач на обуки за аудитори.

Цена на курсот: Цена на курсот е 7.000 денари за еден учесник. 

Плаќањето треба да се изврши најдоцна 5 дена пред почетокот на обуката. Забелешка: Цените се без вклучен ДДВ.

Времетраење на курсот:

24-ти (четврток) од 12:00 до 16:00 часот 25-ти (петок) од 08:30 до 16:00 часот

Место на одржување: ул. Св. Кирил и Методиј бр. 20 (зграда на Аутомакедонија АД Скопје) Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 18 Март 2016 година.

За дополнителни информации, слободно контактирајте не на: Тел: +389 2 3 103 284, +389 2 3 103 285

Е-маил: ms@automakedonija.com.mk; ms_1@automakedonija.com.mk

Пријава за обуката превземете тука