ГЕРМАНСКИ TUV СТАНДАРДИ ВО АУТОМАКЕДОНИЈА

965_bojan-am-cert-200-559АМ Церт, членка на Групацијата Аутомакедонија, во текот на изминатата година оствари повеќе успешни резултати на полето каде што делува, а несомнено еден од нив е што стана технички партнер на ТУВ Норд Мобилитет (TÜV Nord Mobilität) .
Втората новина е отворање на Испитен центар во Битола. Со тоа се потврдува фактот дека Аутомакедонија е сериозен „запчаник“ во механизмот наречен сообраќај во нашата држава.

– TÜV Nord Group е инженерска дивизија за патен сообраќај, со седиште во Хановер, во Германија. Ова е дел од еден конгломерат каде членуваат повеќе дивизии со кои раководат реномирани експерти од оваа дејност (професори, менаџери на производители…), кои ја координираат работата на сообраќајот како на домашна почва, така и во рамките на државите во Европската унија, а сега преку Аутомакедонија и на Балканот, истакна на почетокот на нашиот разговор Бојан Ефтимоски, директор на АМ Церт. – Како лидер на пазарот во северна Германија, TÜV Nord Mobilität, ги нуди своите услуги на производителите на возила и резервни делови, конструкторски и инженерски компании, органи за заштита на потрошувачите, државни органи, како и приватни клиенти. Во своето портфолио ги вбројува производителите на возила како Mercedes, BMW, Mitsubishi, Toyota, Volkswagen, Audi, Opel, MAN, Ford и производителите на делови и компоненти (добавувачи): Bosch, Wabco, Delphi, Borbet, ZF, Continental и многу други.

– Како технички партнер на TÜV Nord Mobilität, Секторот за Мобилитет на АМ Церт и неговите технички експерти стануваат дел од тимот на оваа реномирана техничка служба и со тоа до нив се достапни искуствата на германските експерти во форма на континуирани обуки, советодавни и консултативни услуги како и базите на податоци и знаења. Преку својата акредитирана техничка служба и соработката со TÜV Nord Mobilität, АМ Церт значително ќе го зголеми квалитетот на своите услуги во областа на мобилитетот, а со тоа и ќе допринесе на зголемувањето на безбедноста во сообраќајот и патиштата, дополнува Евтимоски.

Соработката со TÜV Nord и АМ Церт започна на почетокот на 2013 година, и во истата беше потпишан и Договор за соработка за застапување на дел од услугите како што се Сертификатите за технички карактеристики за увоз на користени возила во Република Македонија. Експерти од TÜV Nord Mobilität во неколку наврати посетија државни институции во Републиката и претставија дел од своите услуги. Со потпишувањето на Меморандумот за соработка во октомври 2014 година, АМ Церт стана застапник на TÜV Nord Mobilität за Балканските земји, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. За таа цел АМ Церт отвори и свое претставништво во Република Србија.

– Како дел од своето портфолио кое TÜV Nord Mobilität го нуди на АМ Церт спаѓаат хомологациски сервиси за возила увезени од ЕУ и трети земји, техничко парнерство и користење на франшизата под име TÜV Nord Mobilität во станиците за технички преглед, едукација и обука на кадар, Fleet management, проценка на возила, обуки за менаџери на возни паркови и возачи, обуки за распоред на карго во товарни возила и многу други услуги во областа на мобилитетот, потенцира Евтимоски.

Секако искуствата на техничкиот партнер ќе имаат свој полн придонес и во центарот во Битола, каде се организира и спроведува полагање на возачки испит, од електронското тестирање сé до полагање на завршниот практичен дел.

– Во Штип тоа го правиме партнерски, а во Битола самостојно. Центарот во Битола располага со најсовремена технологија и проверен кадар и засега имаме извонредни резултати по само неколкумесечно работење што секако претставува стимул за понатамошно надградување и континуиран развој, вели Евтимоски. -Посакуваме и оваа институција која работи во рамките на нашата компанија да постигнува соодветни резултати кои ќе дадат, што е и нашата основна цел во сите сегменти на нашето делување, доследно применување на законските регулативи во сообраќајот!

Извор: http://avtoplus.mk/intervju/germanski-tuv-standardi-vo-automakedonija