АМ Церт – Членка на ЦИТА

citaАМ Церт стана членка на ЦИТА – Меѓународниот комитет за иснпекција на возила. ЦИТА (CITA – Comité International de l’inspection Technique Automobile) е меѓународна непрофитна организација со седиште во Брисел, Белгија. Организацијата ги претставува сите заинтересирани страни (Владини, приватен сектор, инспекциски тела, станици за технички преглед и производители на опрема за тестирање) кои делат заеднички интерес за размена на информации, развој на нови испитни методи и креирање на меѓународни стандарди во областа на испитувањето на возилата. http://www.cita-vehicleinspection.org