За што служи ADR?

 

ADR е акроним од Европска спогодба за меѓународен превоз на опасни материи по патишта (или оригинално Accord européen relatif au transport international des marchandises Dangereuses par Route од каде што доаѓа кратенката).

 

 

Во оваа спогодба се содржани прописи за пакување, обезбедување на товарот и обележување на опасните материи при транспорт. Сите возилата кои вршат превоз на опасни материи подлежат на периодични проверки кои ја утврдуваат техничката исправност и опременост според тие прописи.

ADR спогодбата постои од 1957, но на сила има стапено на почетокот на 1968 година. Секои две години се приспособува на новите технички и правни наоди.

Оваа спогодба се применува во 50 земји – сите земји членки на Европската Унија, сите држави од Балканот, во Норвешка, Швајцарија, Исланд, Мароко, Тунис, Турција, Русија и во уште неколку централноазиски земји.

Секој возач на камион кој што транспортира опасни материи мора да поседува дозвола за превоз на опасни материи (ADR потврда за обука).

Дозволата има важност од пет години, а потоа може да се продолжи, со тоа што возачот мора да ислуша курс за прилагодување на новите потреби.

Секоја фирма која редовно превезува опасни материи, мора да има најмалку еден вработен кој е одговорен за превозот на опасни материи.

Тој е одговорен за почитување на одредбите и прописите во врска со опасните материи.

Секој камион кој превезува опасни материи, мора да поседува посебна опрема, односно предупредувачки табли во портокалова боја кои се преклопуваат, шлем, заштитни очила како и два апарата за гасење на пожар.

 

По овластување од Министерството за внатрешни работи Експертите на АМ Церт вршат испитување на возилата кои превезуваат опасни материи во согласност со Законот за возила, Правилникот за превоз на опасни материи, Прописите на ЕУ и Европската спогодба за меѓународен превоз на опасни материи по патишта (ADR).