Возила на иднината

 

Првиот автомобил со моторно согорување бил направен во 1870 година. Почетокот на 20 век веќе почнало масовно производство на овие автомобили. Иако напредокот на автоиндустријата се одвивал со многу брзо темпо, електричните автомобили звучеле како научна фантастика. Но, 100 години подоцна, направен е првиот автомобил на електрично напојување. Денес, се работи на усовршување на електричните автомобили, а се почесто излегуваат и нови хибридни автомобили.

 

хибрид

Хибридните автомобили се спој од автомобил со внатрешно согорување и електричен автомобил. Односно, има мал мотор кој работи на гориво и електричен мотор кој работи на батерија и се вклучува при забрзување. Постојат два вида на хибридни автомобили. Едните ги користат двата начини за напојување истовремено, додека другите се стартуваат со помош на внатрешното согорување, а потоа продолжуваат да работат на електрична енергија.

Ефикасноста на хибридите се должи на тоа што имаат помали, но помоќни мотори и користат регенеративно стопирање. Тоа значи дека електричниот мотор делува и како генератор и ги полни батериите на електричниот мотор кога возилото забавува, а додека автомобилот е запрен во сообраќајот моторот се исклучува и на тој начин поефикасно ја користи енергијата. Пред 10 години со вакво возило можеше да се вози 50км со едно полнење. Денес максимумот е 1000км (Tesla ModelS 100D). Хибридите исто така се направени од полесни материјали, имаат одлична аеродинамика и гуми со помал отпор (LRR) кои придонесуваат за оптимално користење на енергијата. Најновата иновација е „plug-in“ технологијата. Со таа технологија моторот на возилата може да се полни на обичен штекер кога возилото е во мирување.

хибрид

Хибридните возила во 2018 година се иновативна, но и ефикасна и возможна опција. По години работа и тестирања на овој изум, веќе се присутни на пазарот. Хибридните возила чинат повеќе од автомобилите со внатрешно согорување, но благодарение на брзиот напредок на технологијата, нивната цена почнува да се намалува. Многу светски компании од автомобилската индустрија почнаа да креираат свои хибридни возила.

Бројот на нови хибридни возила и подобрени верзии на сегашните хибридни возила на маркетот се очекува двојно да се зголеми за 5 години, а до 2030 се очекува да доминираат. На ерата на автомобили со внатрешно согорување полека и доаѓа крајот. Хибридите се возилата на иднината и ние го сведочиме тоа.